АНКЕТА
ПАРТНЕРСТВО
Факултет за туризам – Скопје
Факултет за туризам - Скопје се појави како неопходност од постоење високообразование од областа на туризмот кое ќе оспособи високопрофесионални кадри подготвени да се соочуваат со животните предизвици на секое поле, луѓе кои ќе бидат компетентни учесници, а не набљудувачи во растот и управувањето на сопствениот професионален живот. Се тоа во функција на подобрување и професионално менаџирање на македонското туристичко стопанство – поле чии денови во Македонија допрва доаѓаат затоа што Македонија е неисцрпен извор на природни богатства кои чекаат на вистинските професионалци кои со своето знаење, инвентивност и енергија ќе знаат како да ја постават оваа галопирачка индистрија на своето место во нашата земја.

И покрај фактот што во Република Македонија, појавата и развојот на приватно високо образование бележи традиција од пет години, сепак Факултетот за туризам – Скопје е пионерот на приватното високообразование од областа на туризмот. Како пионер го понесе товарот кој го носи секој нов почеток, притоа успешно одолевајќи им на сите тешкотии. Сега, по две години успешно постоење, Факултетот за туризам - Скопје докажа дека претставува израз на модерните светски тенденции на полето на едукацијата.

ДЕСТИНАЦИИ
Заминувате со H2B и H1B визи. Реализирањето е во сферата хотелиерството и ресторанството. Законско вработување.