АНКЕТА
НОВОСТИ
30-11-2011 17:37
Научна конференција „Потребни вештини за вработување и предизвици на пазарот на трудот“

Македонските студенти сакаат да останат да се развиваат во државата, а бугарските студенти имаат идеи за развој на своите места. Ова се генерално заклучоците од истражувањето коешто го спроведоа Универзитетот „Гоце Делчев“ и Американскиот универзитет во Софија, Бугарија. Двата универзитета денеска во Ректоратот на УГД на заедничка научна конференција пред научната и стручната јавност ги презентираа резултатите.

Ова е едно истражување кое беше реализирано во изминатите три месеци на просториите на гравитацијата каде што е УГД, но и каде што има и други универзитети. Резултатите се доста интересни, затоа што даваат сериозни показатели за тоа во која насока треба да се движат универзитетите во комуникацијата со бизнис секторот. Интересно е како студентите и нивните излезни резултати ги перципира бизнис секторот. И многу интересно е како бизнис секторот ги перципира образованието и едукацијата. Направени се детални испитувања и резултатите кажуваат дека повеќе од 55 проценти од студентите сакаат по завршувањето на своето образование да останат во својата средина и тука да работат и да развиваат свој бизнис. Вториот резултат е дека сакаат да ја напуштат земјата, но сепак е позитивно што повеќе од 55 проценти сакаат да останат тука. Важен е моментот како универзитетот и бизнис секторот ќе го направат тоа професионално тело на комуникација меѓу себе. Прашан е бизнис секторот што мисли за кадарот кој излегува од универзитетот, тие мислат дека универзитетите се тие кои треба да преземат некои чекори. Од овие два-триесет години што се случуваше на овие простори покажува дека е неопходно и реформирање на студиските програми, излегување од доминантен пристап на академско предавање, давање повеќе пракса, на некој начин подготовка на студент со излезни резултати, којшто во најголема мера ќе биде подготвен за своите работни обврски, изјави доц. д-р Кирил Барбареев, кој беше дел од ова истражување. Истражувањето ги анализирало и професиите кои се најбарани во овој регион.

Според истражувањето, најбарани се инженери поврзани со рударството и геологијата, инженери поврзани со земјоделските науки и инженери од електротехничката индустрија, рече Барбареев.

Бугарските експерти од Американскиот универзитет во Софија ги истражуваа студентите и младите луѓе во Бугарија, но и бизнис секторот од оваа соседна држава.

Во анкетите што ги спроведовме ги прашавме младите луѓе дали имаат идеи за развивање на регионите каде што живеат. На пример, дали едно младо момче или девојче од Штип има идеја како да се подобри бизнис климата. Над 65-70 проценти одговарија дека имаат идеја. Разликата меѓу младите од Македонија и од Бугарија е сосема мала, а се однесува на сферата на статистичката грешка од 6 до 7 проценти. Ова значи дека младите размислуваат речиси исто, рече проф. д-р Емил Христаков, кој е дел од истражувачкиот проект од бугарскиот тим.

Истражувањето ќе помогне да се согледа размислувањето на бизнис секторот и нивните очекувања, а и очекувањата на студентите. Ова ќе има значително влијание во креирањето на наставните програми.

Извор: УГД - Штип
ДЕСТИНАЦИИ
Заминувате со H2B и H1B визи. Реализирањето е во сферата хотелиерството и ресторанството. Законско вработување.